- Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека 155 кинески државјани се борат на страната на Русија во војната против Украина.
- Двајца кинески војници биле заробени во битка во источен Доњецк, а биле забележани уште шестмина.
- Зеленски тврди дека кинески доброволци се регрутираат преку социјални мрежи, доаѓаат на обука во Москва и се испраќаат на фронтот во Украина.
- Вашингтон ги оцени како „загрижувачки“ извештаите дека Кинези се борат на руската страна во војната.
- Пекинг му одговори на Зеленски да не дава неодговорни изјави и „да се советува со релевантни страни за да ја разбере коректно и трезвено улогата на Кина“.
- „Кина ниту ја почна, ниту учествува во украинската криза. Ние поддржуваме и промовираме мирно решение“, изјави Лин Џијан, претставник на Министерството за надворешни работи.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.