- Пентагон запре испорака на противвоздушни проектили и друга прецизна муниција за Украина поради загриженост дека американските залихи се при крај.
- Новата администрација на САД главно се придржува до воената помош што ја одобри поранешниот претседател Џо Бајден, со кратки паузи во испораките во февруари и во март. Украина досега добила американско оружје и друга воена помош во вредност од 66 милијарди долари.
- „Целта на оваа одлука е првично да се штитат интересите на Америка, по прегледот на нашата воена помош и поддршка за други земји низ светот. Воената моќ на оружените сили на САД не е загрозена. Прашајте го Иран“, изјави претставничката на Белата куќа, Ана Кели.
- Доналд Трамп по средбата со Володимир Зеленски на самитот на НАТО ја остави отворена можноста за испорака на противвоздушни системи Патриот на Украина. „Тие сакаат Патриоти и ние ќе видиме дали имаме на располагање. И на нас ни се потребни. Му ги даваме на Израел и многу се ефикасни, 100%. Ги сакаат повеќе од било што друго“, изјави Трамп.
- Според еврокомесарката за проширување, Марта Кос, идентитетот не е предмет на политичко одлучување и најдобар начин да се заштити е членството во ЕУ. Порача дека идентитет се и манастирите, погачата, пинџурот и полнетите пиперки и дека тоа не може никој да го одземе.
- На заедничката прес-конференција, премиерот Мицкоски ја образложи македонската претпазливост кон европските сигнали дека „само уште ова“....
- Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент (ЕП) и, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не ги слушај што зборат, гледај ги што прават – рече Мицкоски.
- „За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански. Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет”, потсети премиерот.