- Луѓето заминуваат од плоштадот Славија откако е прекинат студентскиот протест и програма по барање на студентите на ФДУ, заради тензии околу Пионерскиот парк во кој со шатори беа сместени оние кои сакат да продолжи наставата.
- Едните викаат тие во паркот биле нападнати од оние што протестираат, другиве дека оние во паркот почнале да фрлаат со камења и друго кон демонстрантите.
- Брнабиќ е од првите:
- Инаку, протестите, веројатно најмасовни во поновата српска историја, претходно минуваа во најдобар ред.
- Претседателот Александар Вучиќ најави скорешно обраќање до нацијата (во 22 часот) а се произнесе на Инстаграм со кратка порака „Живее Србија.“
- Испаднаа муабети и видеа за „звучни (сонични) топови“ кои се користеле за разбивање демонстрации:
*******
- Во Чачак било напнато, со тензии меѓу поддржувачите на Вучиќ и владејачките СНС и граѓаните кои протестираат против власта.
- Вториве ги спречиле автобусите на првите да дојдат на закажаниот митинг против блокадите во земјата.
- Се случил и инцидент меѓу двајца новинари. Основачот на чачанскиот портал Н2, пријавил дека бил нападнат од сопственикот на „Гласот на западна Србија.“ Двајцата биле во повеќегодишен спор околу користење фотографии.
- Полицијата морала да ги раздвојува таборите а се појави снимка која сугерира дека во спротивставените групации има членови на исто семејство.
- По „Големото уво“, НАТО ни ги истегна ушите напаѓајќи ни ја територијата од својот протекторат, за да нè затвори во рамка во која сме поделени на племиња, водени од криминални поглавари што тие ги аминуваа, а нè доведоа во состојба во која избраните што нè владеат енормно се збогатуваат, додека сиромашниот народ бега од државата.
- По „Вистината за Македонија“, умре прво вистината, а потоа и Македонија беше крвнички ликвидирана. Оваа брутална операција, спонзорирана од „меџународната“, а спроведена како специјална војна, имаше и свој перформанс, кој патуваше од јавно емитување криминално набавени туѓи интимни разговори до Шарена револуција.
- И еве нè сега во третиот чин на македонската разузнавачка трагедија. Овој чин уште нема име, па јас ќе си го наречам „Големото дувло“.
- „Големото дувло“ и неговите медиуми побараа декласификација на документите што АНБ ги достави до обвинителството како докази за нови нелегални прислушувања. Сакаат, бре, она што тие го прислушувале, целата интима на прислушуваните, сега јавно да се објави, за народот да добие нова вербална оргија. Демек како што Заев имал храброст, онаа грозоморна незаконска перверзија наречена „Вистината за Македонија“ јавно да ја објави.
- А не се малку таквите на кои туѓата интима, особено онаа сексуалната, им е единствена животна енергија. За многумина туѓите воздишки се поважни од што знам, од роденденот на нивните деца. На крајот на краиштата, за што да прават муабет, ако не за туѓите авантури (свои немаат) што некој ги пласирал јавно, додека децата во игротека прославуваат?