- Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ненадејно ја прекина посетата на САД поради нарушено здравје, веднаш по враќањето во Белград бил на итен преглед во Воено-медицинската академија. Лекарите констатирале дека здравствената состојба сега му е „стабилна и задоволителна“.
- „За време на престојот во Америка почувствувал силна болка во градите, за која вели дека траела неколку секунди, иако луѓето во просторијата велат дека траела подолго“, изјави докторот Драган Динчиќ, кардиолог и началник на Управата за воено здравство.
- Докторот Динчиќ, кој повеќе од десет години се грижи за здравјето на претседателот, изјави дека Вучиќ три пати досега имал слични тегоби, главно поврзани со претерано висок крвен притисок.
- „Претседателот примил дополнителна интензивна терапија и по 45 минути, кога пристинале американски лекари, му измериле притисок од 165/98 милиметри живин столб. Тоа јасно говори дека крвниот притисок му бил многу повисок пред терапијата“, додава Динчиќ.
- Докторот вели дека „не е реално да се очекува“ дека претседателот во следните неколку дена може да им се врати на своите редовни активности.
- Вучиќ на 9 мај, петок, треба да учествува на парадата во Москва по повод 80-годишнината од Денот на победата над фашизмот.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.