Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Во авионска несреќа загина сведокот во судскиот процес против Нетанјаху

14 септември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
извор

САД и Иран повторно се запукаа, овојпат сериозно

8 јули 2026
  • Share
  • Post
  • По неколкунеделно затишје, американските сили ракетираа повеќе од 80 цели во Иран, на што Иранците одговорија со напади врз американски бази во Кувајт и во Бахреин.
  • Централната команда на САД објави дека ракетите биле одговор на иранските напади врз три комерцијални бродови во Ормускиот проток. Биле погодени ирански противвоздушни центри, крајбрежни радари, антибродски системи и над 60 брзи чамци на Револуционерната гарда.
  • САД претходно објавија дека повторно воведуваат блокада за ирански бродови и дека ја укинуваат привремената лиценца за извоз на иранска нафта.
  • Иран ги обвини САД за прекршување на примирјето и возврати со ракетни напади врз Кувајт, каде што има бази со американски трупи, и Бахреин, каде што е Командата на Петтата флота на САД. „Ерата на провокации и уцени заврши. Нема да потклекнеме“, изјави спикерот на парламентот, Мохамед Багер Галибаф.
  • Престрелката потврдува дека САД и Иран се поблизу до војна отколку до преговори за конечен мировен договор. Иран инсистира на правото на целосна контрола на сообраќајот низ Ормускиот проток, а Америка настојува да обезбеди слободен премин на бродови. Временската рамка од 60 дена за преговори за конечен договор завршува во август, а двете страни практично не ги ни почнале преговорите. 
извор

Ле Пен може да се кандидира за претседателка на Франција

7 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Француски апелациски суд ја потврди вината на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од ЕУ, но ѝ ја скрати забраната за извршување јавна функција од 5 години и ѝ остави можност да се кандидира на претседателските избори идната година.
  • Судот ѝ изрече 30 месеци условен затвор, кој веќе го отслужи, и 15 месеци носење електронска алка за следење, што може да ѝ направи сериозни логистички проблеми за време на предизборната кампања.
  • Судија дополнително ќе ги одреди часовите кога таа може да биде отсутна од својот дом и да ѝ го ограничи движењето. Ле Пен би можела да побара алката да ѝ биде отстранета по неколку месеци поради добро однесување.
  • Соочена со вакви ограничувања, на лидерката на француската десница ѝ останува самата да одлучи дали ќе се кандидира. Ако реши да се повлече, кандидат на десницата ќе биде нејзиниот заменик и политички наследник Жордан Бардела. И двајцата, според досегашните анкети, би освоиле најмногу гласови во првиот круг од изборите в година.

ЕДИТ: Ле Пен објави дека ќе се кандидира за претседател во 2027 година и дека ќе поднесе жалба до највисокиот француски суд против пресудата со која ѝ се наложува носење електронска алка на глуждот. „Вечерва, јас сум кандидат на претседателските избори“, изјави Ле Пен.

  • Казната за Ле Пен произлегува од обвиненијата дека функционери од нејзината партија Национален собир злоупотребиле средства од Европскиот парламент наменети за асистенти. Таа ги отфрла обвинувањата и тврди дека е жртва на политички прогон за да биде елиминирана од трката за претседател.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

„Важно се сеќавате на убавите спомени“

Медиуми
2

Зелениот кинески ѕид околу пустините расте побрзо од другите шуми

Разно
3

Португалските коментатори со суровата вистина за Роналдо

Фудбал
4

Економскиот автогол на Германија

Мислења
5

На милионерот што сака да живее вечно му открија неизлечива болест

Фрикови
6

Ибрахимовиќ за Бразил - Норвешка

Фудбал
7

Трамп: Четири гола? Не видов јас четири гола

Спорт
8

Литванија ја укинува забраната за нуклеарно оружје

1

Зелениот кинески ѕид околу пустините расте побрзо од другите шуми

Разно
2

Економскиот автогол на Германија

Мислења
3

На милионерот што сака да живее вечно му открија неизлечива болест

Фрикови
4

Литванија ја укинува забраната за нуклеарно оружје

5

САД имаат Пентагон, Египет има Октагон

6

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

7

ЕУ тера кон пасоши за пристап до интернет

Свет
8

Киев и НАТО на јавен конкурс бараат помош за напади врз руски бази

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

„Важно се сеќавате на убавите спомени“

Македонштина

Богати и славни

Македонштина

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Нано знае да рачуна проценти на идентитети

Нема, не ќе се роди појако интервју од ова

Ова е за нас

Долга е раката на Русинот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy