- По жестоки критики од републиканските сопартијци, Доналд Трамп е решен да го повлече планот за фонд од 1,776 милијарди долари за обештетување на лица што биле „жртви на неправедно гонење“ од претходната администрација.
- Фондот е дел од договорот Трамп да го повлече барањето за отштета од 10 милијарди долари од американската УЈП поради протекување на неговите даночни пријави пред седум години. Критичарите го опишаа фондот како шема со која Трамп ќе ги наградува своите политички сојузници.
- Судијката која ја следеше тужбата на Трамп против УЈП ненадејно повторно го отвори случајот за да истражи „сомневања за измама“, бидејќи претседателот тужи агенција што ја контролира и на тој начин е на двете страни во случајот.
- Изворите на Њујорк тајмс велат дека не е јасно дали претседателот отстапува и од дополнението на правната спогодба, која му обезбедува на Трамп лично, на неговото семејство и на неговите бизниси имунитет од даночни ревизии.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.