Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп формира фонд за бунтовниците од 6 јануари 2021

19 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Министерството за правда на САД објави формирање фонд од 1,776 милијарди долари, наменети за обештетување на жртви на „политичка инструментализација“ од администрацијата на Џо Бајден.
  • Фондот е создаден согласно вонсудската спогодба за тужбата од Организацијата Трамп против Даночната служба, поради тоа што не ги заштитила неговите даночни информации од протекување до медиумите. Њујорк тајмс, повикувајќи се на документите, објави во 2020 година дека Трамп платил несоодветно мал федерален данок на доход во период од неколку години.
  • Во вонсудската спогодба, Организацијата Трамп го повлече барањето за отштета од 10 милијарди долари, во замена за новиот фонд, од кој Трамп лично нема да добие никакви пари.
  • Фондот ќе биде наменет за стотиците симпатизери на Трамп кои беа судски гонети поради упадот во Капитолот на 6 јануари 2021 година. По враќањето во Белата куќа, Трамп колективно помилува многумина од нив.
  • Демократскиот сенатор Чак Шумер оцени дека Трамп на овој начин „ја финансира својата армија на бунтовници“. Конгресменот Џејми Раскин ја нарече спогодбата „огромен фонд за поткуп“, а неколку граѓански организации го обвинија претседателот дека сака со пари од даночните обврзници да ги награди своите политички симпатизери.
извор

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

19 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Холандија побарала пауза на процесите за интеграција на Црна Гора во Европската Унија укажувајќи на потребата од „дополнителна анализа и поконзистентна примена на сите утврдени стандарди“.
  • На ова барање се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Летонија. Инсистираат на темелна проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да се донесат какви било нови одлуки на европско ниво.
  • „Она што сега изгледа сигурно е дека нема да се затворат поглавја на маргините на состанокот на Советот на ЕУ овој месец, спротивно на претходните очекувања и најави“, заклучува подгоричкиот весник „Дан“.
  • Црна Гора досега има затворено 18 од 33-те преговарачки поглавја. Хрватска го блокираше Поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Веќе две години е блокирано Поглавјето 31 – кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика.
извор

Странски криминалци ги преполнија затворите во Финска

19 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Поради преполнетост на затворските капацитети, Финска бара правна рамка за да префрла осудени криминалци да ја отслужуваат казната во странство. Тоа подразбира и странските затвореници да бидат префрлени во ќелии во нивните матични земји.
  • Хелсинки ги разгледува опциите на Шведска - која од август почна да префрла свои осуденици во затвор во естонскиот град Тарту, или на Данска - која во десетогишен договор од 210 милиони со Косово изнајми 300 ќелии во затворот во Гњилане.
  • Според податоци на Службата за затвори и условна слобода, во Финска има околу 3.900 затвореници, од кои 950 се странски државјани.
  • Бројот на странски затвореници е зголемен за 76% изминатата деценија, а бројот на фински затвореници во истиот период е намален.
  • Најголем дел од странските затвореници отслужуваат казни за кривични дела поврзани со дрога (49%), за сексуални престапи (21%) и за убиства (10%).
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина
4

„Маж ми нема другари“

5

Да си знаат

Македонштина
6

Дарко Лешоски: Зошто уште го правите ова? До кога?!

Разно
7

Што толку згреши ЕУ за да ја заслужи Урсула?

Мислења
8

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

Што толку згреши ЕУ за да ја заслужи Урсула?

Мислења
4

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Свет
5

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Урбан
6

Трамп постигна договор со Данска за Гренланд

7

Англиканската црква ја повлече наградата за пакистанскиот имам

8

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да си знаат

Балканштина

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина

Оние што се по ЈУС уште траат

Македонштина

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина

„Жртва“ на денот

Балканштина

Чуда на диетата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како работи руски ортопед?

Јадењето не е полнење бензин

Бжежински нè напушти, муџахедините ни останаа

Музиката од албумите со најлоши корици

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy