Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се договориле за „целосен и непосреден“ прекин на огнот.
„По долга ноќ на преговори со посредство на Соединетите Држави, со задоволство можам да објавам дека Индија и Пакистан се согласија на преки, целосен и веднаш. Им честитам на двете земји за нивниот здрав разум и големата интелигенција. Ви благодариме за вниманието!“ напиша Трамп на Truth.
Додаде дека тој и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ги поминале последните 48 часа во разговори со високи функционери од двете земји, вклучувајќи ги и премиерите на Индија и Пакистан – Нарендра Моди и Шехбаз Шариф.
Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.