- Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на ББЦ дека ќе бара отштета од 1 милијарда долари поради грубото извртување на вистината во врска со сечената и лепената монтажа на неговиот говор од 6 јануари 2021 година, со цел да се прикаже дека тој повикува на напад врз Капитол хил.
- Адвокатите на Трамп испратиле официјално писмо до ББЦ во кое бараат јавно извинување, „целосно и чесно“ повлекување на монтираната снимка и „соодветна“ отштета. „Во спротивно, претседателот нема да има избор, освен да го тужи британскиот јавен сервис поради предизвикување финансиска штета и повреда на репутацијата“, се наведува во писмото. ББЦ има рок да одговори на барањата до петок.
- Директорот на ББЦ Тим Дејви и главната уредничка Дебора Тарнес поднесоа оставки, а претседателот на корпорацијата Самир Шах објави официјално извинување поради „погрешната проценка“ при монтирањето на говорот на Трамп. Шах најави и лично извинување до Трамп, но категорично тврди дека нема систематска пристрасност во ББЦ и дека новинарите не се корумпирани.
- Во својот втор мандат Трамп им се закани на неколку американски медиуми со тужби за клевета. Тие ги решија споровите со вонсудски спогодби.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.