- Универзитетскиот професор Темелко Ристески за Призма ја потврдил автентичноста на извештајот кој деноввие го објавивме во статијата „Темелко е сè што треба да знаете за Македонија“.
- Според податоците објавени на трезор, Министерството за одбрана:
- 14 пати му исплатило на професорот Ристески по 30.000 денари,
- двапати по 45.000 денари,
- трипати по 15.000 денари,
- еднаш 20.460 денари.
- Вкупно за двете години ангажман под конто други „договорни услуги“, Министерството за одбрана на професорот му исплатило 577.140 денари или 9.384 евра. Последната исплата е во јануари 2021 година.
- Државниот секретар Марко Рубио ги отфрли шпекулациите дека размислува да ја напушти администрацијата на Трамп, со цел да ги задржи шансите за сопствена кандидатура за претседател во 2028 година.
- Според извори на Блумберг, Рубио веќе разговарал со претставници во Белата куќа и бил замолен да остане.
- „Отсекогаш ми беше план да работам за Трамп до крајот на неговиот мандат. Ја сакам работата“, изјави Рубио во интервју за „Њујорк тајмс“.
- Белата куќа и Стејт департментот синоќа го отфрлија извештајот на Блумберг како „лажна вест“.
- Рубио упорно одбива да одговори на прашањата дали планира да се кандидира за претседател на изборите во 2028 година. Неколку пати досега јавно го поддржа потпретседателот Џ.Д. Венс: „Тој би бил најдобриот кандидат“.
- Два месеци пред да му заврши мандатот, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом ги преиначи сите 548 смртни казни во сојузната држава во доживотна робија без право на условен отпуст.
- Одлуката е симболична, затоа што Њусом на почетокот на својот мандат во 2019 година воведе мораториум на извршување на смртни казни.
- Калифорнија нема извршено смртна казна веќе 20 години, иако судовите продолжуваат да ја изрекуваат оваа казна за лица осудени за убиство и други тешки кривични дела.
- На два референдуми, во 2012 и во 2016 година, жителите на Калифорнија со тесно мнозинство ги отфрлија предлозите за укинување на смртната казна.
- Околу 2.100 затвореници во САД се соочуваат со погубување. Ако Уставниот суд на Калифорнија ја потврди одлуката на гувернерот, нивниот број ќе биде намален за една четвртина.