Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Светскиот економски форум бил помалку светски, повеќе семеен?

23 април 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Светскиот економски форум отвори истрага против својот основач Клаус Шваб, по анонимната пријава за злоупотреби при управувањето. Само еден ден претходно Шваб објави дека се повлекува од функцијата претседател, без да наведе причина.
  • Во анонимно писмо до Управниот одбор на СЕФ било наведено дека членови на семејството на Шваб ги користеле ресурсите на Форумот за лични потреби, без соодветно надгледување.
  • Шваб наводно барал од вработени во негово име да извлекуваат илјадници долари од банкомати и парите ги трошел на луксуз, како приватни масажи во хотелски соби. Неговиот портпарол изјави дека Шваб „позајмувал и секогаш ги враќал парите“.
  • Неговата сопруга Хилде ги пријавувала своите луксузни патувања како „состаноци“ и ја присвоила Вилата Мунди, со поглед на Женевското езеро, која Форумот ја купил за 30 милиони долари и платил уште 20 милиони за реновирање.
  • Шваб ги отфрла обвинувањата и се закани со тужби. Тој уште пред неколку недели најави дека ќе поднесе оставка и дека „во знак на добра волја“ се откажува од пензијата од 5 милиони швајцарски франци.
извор

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

19 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Холандија побарала пауза на процесите за интеграција на Црна Гора во Европската Унија укажувајќи на потребата од „дополнителна анализа и поконзистентна примена на сите утврдени стандарди“.
  • На ова барање се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Летонија. Инсистираат на темелна проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да се донесат какви било нови одлуки на европско ниво.
  • „Она што сега изгледа сигурно е дека нема да се затворат поглавја на маргините на состанокот на Советот на ЕУ овој месец, спротивно на претходните очекувања и најави“, заклучува подгоричкиот весник „Дан“.
  • Црна Гора досега има затворено 18 од 33-те преговарачки поглавја. Хрватска го блокираше Поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Веќе две години е блокирано Поглавјето 31 – кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика.
извор

Странски криминалци ги преполнија затворите во Финска

19 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Поради преполнетост на затворските капацитети, Финска бара правна рамка за да префрла осудени криминалци да ја отслужуваат казната во странство. Тоа подразбира и странските затвореници да бидат префрлени во ќелии во нивните матични земји.
  • Хелсинки ги разгледува опциите на Шведска - која од август почна да префрла свои осуденици во затвор во естонскиот град Тарту, или на Данска - која во десетогишен договор од 210 милиони со Косово изнајми 300 ќелии во затворот во Гњилане.
  • Според податоци на Службата за затвори и условна слобода, во Финска има околу 3.900 затвореници, од кои 950 се странски државјани.
  • Бројот на странски затвореници е зголемен за 76% изминатата деценија, а бројот на фински затвореници во истиот период е намален.
  • Најголем дел од странските затвореници отслужуваат казни за кривични дела поврзани со дрога (49%), за сексуални престапи (21%) и за убиства (10%).
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина
4

„Маж ми нема другари“

5

Да си знаат

Македонштина
6

Дарко Лешоски: Зошто уште го правите ова? До кога?!

Разно
7

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина
8

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Урбан
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Урбан
4

Што толку згреши ЕУ за да ја заслужи Урсула?

Мислења
5

Трамп постигна договор со Данска за Гренланд

6

Англиканската црква ја повлече наградата за пакистанскиот имам

7

Трамп сака бизнис со Москва пред да заврши војната

Свет
8

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да си знаат

Балканштина

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина

Оние што се по ЈУС уште траат

Македонштина

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина

„Жртва“ на денот

Балканштина

Чуда на диетата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога си шизо, секоја дијагноза ти се чини точна

Па стварно бе!

Зоки Фактор Икс

CV на македонски генерален менаџер

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy