Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Стевчо Јакимовски осуден на 3,5 години затвор

23 април 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е прогласен за виновен и осуден на единствена казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци, одлучи денеска Основниот кривичен суд во Скопје.
  • Судот утврди дека Јакимовски без дозвола изградил административен објект на Локалната самоуправа на улица  Радика бр. 9, Барака 1 и 2, и за тоа дело му изрече затворска казна од една година. Иако предвидената казна за ова дело изнесува од 3 до 8 години затвор, судот ја намали казната земајќи ја предвид намената на објектот и досегашната пракса.

  • Заедно со него, виновен е прогласен и уште еден обвинет, поранешен општински службеник, кој доби условна казна затвор од 2 години. Таа нема да се изврши доколку во рок од пет години не стори ново кривично дело.

  • Според обвинителниот акт, Јакимовски го извршил делото бесправно градење како градоначалник, во име на Општина Карпош, без соодветно одобрение, при што поднел барање за легализација дури по истекот на крајниот рок за такви постапки во 2011 година.

извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

4

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
5

Каков „малер на колото“ му пративме на НАТО

Македонски рулет
6

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
7

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
8

Седлоски: Не дека селекторот се вади, но факт е дека националните тимови во Б дивизијата се подобри

1

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

2

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

3

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

6

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

7

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
8

Во името на светиот Клод, ентер

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како функционира Еврогрупата?

Стево запира тука

Пикасо, Скопје 63, Битката на Неретва, 12 шишиња вино

Hello Gjorgje my old friend*

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy