Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Сноуден до Камерон: Зборувај ми за нарушување на приватноста

6 април 2016
  • Share
  • Post
  • Сподели
извор

Саркози виновен за финансирање кампања со пари од Гадафи

25 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Кривичен суд во Париз го прогласи поранешниот француски претседател Никола Саркози за виновен за случајот за нелегално финансирање на кампањата во 2007 година со пари од либискиот лидер Моамер Гадафи. Саркози победи на тие избори и ги отфрла обвинувањата како „политички мотивирани“. Судот го ослободи Саркози од другите обвинувања, вклучувајќи примање украдена стока, проневера на јавни средства и пасивна корупција.
  • Саркози, како министер за внатрешни работи, во 2005 година направил дил со Гадафи: Либија да му ја финансира кампањата, а кога ќе победи да ѝ се оддолжи со поддршка за враќање на меѓународната сцена. Во матната афера биле вклучени либиски шпиони, осуден терорист и трговци со оружје.
  • Француско-либанскиот бизнисмен Зијад Такиедин (75), кој беше еден од ко-обвинетите но и клучен сведок во случајот, починал завчера од срцев удар во Бејрут два дена пред да биде објавена пресудата. Такиедин тврдеше дека по налог од Гадафи лично му испорачал на Саркози куфери со вкупно 5 милиони евра во кеш. Подоцна ја повлече изјавата и ја негираше, поради што беше отворена посебна истрага за сомневањата дека Саркози и првата дама Карла Бруни извршиле влијание врз сведоци. Овој процес е во тек.
  • Лани во февруари Саркози доби условна затворска казна во врска со обвинување за корупција и злоупотреба на влијанието. Три месеци носеше електронска алка за да му се следи движењето. Во друг случај беше осуден на една година затвор поради нелегално финансирање на кампањата за реизбор во 2012 година – потрошил двојно повеќе од дозволеното. Казната подоцна му беше намалена на шест месеци затвор и шест месеци условно, но Саркози нема да биде зад решетки додека се разгледува неговата жалба.

Eski Fransa Cumhurbaşkanı Nicolas Sarkozy, yolsuzluk dahil dört farklı suçtan yargılandığı "Libya davası"nda suç örgütü kurmaktan mahkum edildi. pic.twitter.com/L5FYBQJSn9

— Nefes Gazetesi (@nefesgazete) September 25, 2025
извор

Инвазија од дронови над Данска

25 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Поради надлетувања од дронови синоќа бил затворен аеродромот во Алборг, само неколку дена откако по сличен инцидент беше затворен и аеродромот во Копенхаген. Уште три помали аеродроми во Данска – во Есбјерг, Сондерборг и Скридструп, пријавиле активност на неидентификувани беспилотни летала, но не биле затворени.
  • Дроновите биле следени но не биле соборени. Не е утврдено дека биле закана за авионите или луѓето. Полицијата сè уште не открила кој ги контролира и зошто. Во истрагата е вклучена и разузнавачката служба.

Video show drones over Aalborg Airport.

🎥: Henrik Abildgaard https://t.co/EHuIYFE9bY pic.twitter.com/sxN3HFJdkp

— Orla Joelsen (@OJoelsen) September 24, 2025
  • Премиерката Мете Фредериксен ги оцени инцидентите како загрижувачка закана за критичната инфраструктура. Таа не ја отфрли можноста дека се руска провокација, но се воздржа од директно обвинување на Москва. Претставникот на Кремљ, Дмитриј Песков коментира дека таквите тврдења се без основа.
  • „Не можеме се уште да ја коментираме целта на летањето дронови ниту можеме да каже кој е одговорен за тоа. Ако имаме можност, ќе ги собориме“, изјави регионалниот полициски шеф Јеспер Бејгард Мадсен.
  • Поради дронови во понеделникот неколку часа беше затворен и аеродромот во Осло. Норвешките власти се во контакт со данските, но досега не утврдиле поврзаност на инцидентите.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ништо од ветеното, Турците се спакуваа и си отидоа од Кавадарци

2

Упс!

Медиуми
3

Конечно на вистинско место

Македонштина
4

Кочи Мишко!

Македонски рулет
5

Еј животе, турска серијо

Балканштина
6

Македонски „Walk of Fame“

Македонштина
7

Градинарот на Скопје

Разно
8

Фудбалер на Манчестер Јунајтед ја оставил сопругата, многу се занимавала со тарот карти

1

На младите Грци не им се мрда од кај мама и тато

Свет
2

Кина не копа песок, го произведува

Занимливости
3

Судиите врз кои се влијаело за поблага казна уште делат правда

4

Пресврт на Трамп: Украина може да си ја врати територијата... и повеќе од тоа

5

Албански селанец: Дури и гангстерите избегаа во Англија

Свет
6

Европа неодговорно потпалува војна

Мислења
7

Прв пат излекувани пациенти од Хантингтонова болест

Здравје
8

ЕУ догодина ги забранува еднократните е-цигари

* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Упс!

Македонштина

Македонски „Walk of Fame“

Македонштина

Конечно на вистинско место

Балканштина

Еј животе, турска серијо

Македонштина

Полицијата вози андеркавер Тесла?

Балканштина

Цеца се прослави

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Калифорнија, онаму каде што слободата оди за да умре

Да ви покаже Скопје каков Њујорк знае да биде

Да ве запознаеме со Драги Црни

Солун, градот кој се бори со своите потиснати сеќавања

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy