- Дури и по разорниот земјотрес во кој загинаа десетици илјади луѓе во Турција и Сирија, САД и ЕУ одбиваат да ги укинат санкциите што ги спречуваат Сиријците да добијат директна помош од многу земји.
- Како последица на американскиот тн „Цезарев закон“, од 2019 година, а врз основа на кој САД имаат право да воведат рестриктивни мерки за организации и лица кои директно или индиректно му помагаат на Дамаск, денеска повеќето земји во светот не можат да испратат хуманитарна помош во Сирија, вклучително лекови, хуманитарна помош и други технички и разни помагала.
- Сирискиот „Црвен крст“ ја повика Европската Унија да ги укине санкциите против Дамаск.
* Јави се, Запад
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.