- Во измените на Законот за шумите било предложено да се вметне став за забрана на поставување и градење на времени објекти, живеалишта, викендици во националните паркови на Македонија и неможност за каква било легализација на тие објекти кои ќе треба да биде урнати или отстранети.
- За овој амандман гласаа само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а против беа пратениците на СДСМ, ДУИ и на ЛДП.
- Во последниот период медиумите објавија бројни истражувачки приказни за дивоградби по националните паркови и заштитени подрачја, во кои главни актери се пратеници од власта, судии и бизнисмени блиски до власта. За дел од овие градби по притисокот од јавноста се издадени и решенија за уривање, за прекин на градежните работи, но без никаков резултат.
- Организацијата Big Brother Watch открива дека помеѓу 2021 и 2025 година биле уапсени 62.199 лица за дела поврзани со слободата на говорот, што претставува приближно 34 апсења дневно.
- Од нив, најмалку 18.500 лица биле обвинети, а 12.292 биле осудени. Наодите се базираат на барања за слободен пристап до информации.
- Групата открила и големи географски разлики во спроведувањето. Полицијата во Камбрија регистрирала околу 25,7 апсења на 10.000 жители во текот на пет години, во споредба со само 1,9 во соседната Нортумбрија.
- Big Brother Watch тоа го нарекува „Лотарија на поштенските кодови“.
- Околу 30 роботи протестираа пред полското министерство за дигитални прашања, барајќи построга регулација на вештачката интелигенција и роботизацијата.
- Организаторите, кои се луѓе, велат дека е потребна поголема јавна дебата за влијанието на новите технологии врз пазарот на трудот.
- Министерот за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски се сретнал со демонстрантите (?), им кажал дека неговиот оддел работи на потребните регулативи. Еден од организаторите рече дека плановите што моментално ги дискутира парламентот содржат недоволна заштита за работниците.