Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Саркози го судат зашто Гадафи му ја финансираше кампањата

6 јануари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Поранешниот француски претседател Никола Саркози е на судска клупа заради нелегално примање милиони евра од тогашниот либиски претседател Моамер Гадафи за својата претседателска кампања во 2007 година.
  • Се очекува процесот да трае три месеци а доколку го прогласат за виновен, на Саркози му се заканува затвор до 10 години и казна од 375.000 евра.
  • Судењето вклучува уште 11 обвинети, меѓу кои и тројца бивши министри. Посредник во финансирањето бил француско-либанскиот трговец со оружје Зиад Такиедин кој има избегано во Либан и нема да се појави на судењето, но уште во 2016 година ја има депонирано својата изјава дека во три наврати носел куфери со пари од Гадафи за Саркози.
  • Саркози во 2007-ма година го пречека Гадафи во Париз со најголеми државнички почести. Четири години подоцна беше еден од првите западни лидери кои се залагаше за воена интервенција во Либија.
  • Гадафи го убија и го содомизираа на улица.

Види и:

Пророштвото на Гадафи

10 години од убиството на Гадафи, што остана од Либија?

Либија; се сврти кругот

Кој ги спискува милијардите на Гадафи? Белгија ги спискува милијардите на Гадафи

Како Британија му ги вршеше валканите работи на Гадафи

извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Зденка цела да е

Македонштина
3

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
4

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
5

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

6

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
3

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

4

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
5

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Каде овде е лево?

Не ти требаше тоа Трендо....

Што ќе снимаат Дизни и Ворнер во Македонија? (прв дел)

Фиксен а мобилен

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy