- „Полковникот беше жив уште неколку минути, таман колку што требаше 'борците за демократија' - како што Запад ги нарекуваше исламистичките бунтовници - да се изживеат врз него, вклучувајќи и негово содомизирање со бајонет, па сето тоа демократски да го снимат со мобилни телефони и подоцна да го понудат на светските ТВ мрежи“.
- Во 2016 година, британски парламентарен совет признава дека нападот на Либија бил изведен на основа на „погрешни разузнавачки податоци“ и дека довел до „економски и политички колапс на Либија.“
- „За колапсот на апартјејдот, Јужноафриканците во голема мерка можат да му заблагодарат токму на Гадафи и Либија. Во најтешките моменти, Гадафи секогаш беше со нас,“ изјави за полковникот, Нелсон Мандела, нобеловец и човек кого запад го смета за морален столб на светската политика.
- Во 2010 година, последна пред војната, Светска банка бележи дека Либија одржува високо ниво на економски развој од 7,5 проценти и дека бележи високи показатели на социјално- образовен развој.
- Обвинетиот поранешен директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, кој повеќе од една година беше во бегство, утрово самиот се предал и бил уапсен.
- Бајрами, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште шест лица, е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања во врска со набавка на терминали за коцкање во државната компанија.
- МВР во декември 2024 година објави меѓународна потерница по Бајрами. Почна да му се суди во отсуство.
- Груби, кој исто така повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, се предаде на граничниот премин Блаце во февруари годинава, по што му беше определен куќен притвор.
- Судењето за случајот продолжува в петок.
- Администрацијата на Трамп минатата недела продолжила со обработката на барањата за имигрантски визи само за Унгарија и Полска, но ја задржа привремена глобална пауза во закажувањето интервјуа за сите други земји.
- САД во јануари воведоа забрани за патување за државјани од десетици земји, воведоа високи такси за одредени работни визи и наложија сите апликанти да поминат низ проверка на нивната историја на социјалните мрежи.
- Откако федерален судија во август ја поништи забраната, Стејт департментот ги прекина интервјуата за имигрантски визи во сите свои дипломатски претставништва ширум светот.
- Вашингтон во исто време воведе нова програма за обука на службениците, за да проценат дали апликантите ќе можат самите да се издржуваат во САД, без да зависат од јавна помош.