- Америка повеќе нема да биде посредник во мировните преговори помеѓу Русија и Украина, објави Стејт департметнот.
- САД ќе останат во процесот и нема да одбијат помош, но повеќе нема да „летаат“ низ светот на состаноци.
- Го менуваме начинот на кој придонесуваме за преговорите. Повеќе нема да летаме по светот на секој повик за одржување состаноци, соопшти Стејт департментот.
- Киев и Москва мораат да дадат конкретни предлози за крај на војната и директно да се сретнат за да го надминат судирот.
- Претседателот Доналд Трамп наводно е се повеќе фрустриран од однесувањето на Владимир Путин. Разузнавачките служби во новите извештаи тврдат дека позицијата на Путин е ослабена и дека ги ревидирал воените цели кон зачувување на окупираните територии во Украина.
- Одлуката е донесена само еден ден по договорот со Украина за заедничко експлоатирање на нејзините минерални богатства во замена за одбранбена поддршка од САД. Трамп ја одобрил и првата испорака на оружје за Киев откако го почна својот втор мандат.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.