САД ќе поништуваат визи на кинески студенти
29 мај 2025
- Државниот секретар Марко Рубио објави дека САД „агресивно“ ќе укинуваат визи на кинески студенти, особено на оние „поврзани со Комунистичката партија“ или што студираат на „критични полиња“.
- Ќе ги заостриме и критериумите за сите идни апликанти за визи од Кина и од Хонг Конг, изјави Рубио.
- Во изминатата академска година во САД се школувале 277.398 лица од Кина, речиси една четвртина од сите странски студенти. Тоа им носи големи приходи на американските универзитети.
- Рубио во вторникот им испрати препорака на амбасадите и конзулатите на САД привремено да не закажуваат интервјуа за студентски визи и побара построги скенирања на објавите на апликантите по социјалните мрежи.