- Државниот секретар Марко Рубио предупреди дека ако за неколку дена не биде постигнат напредок со Киев и Москва, САД ќе ги прекинат напорите за крај на војната во Украина.
- „Стигнавме до точка во која мораме да решиме и да утврдиме дали воопшто е можно да ставиме крај на војната или не“, изјави Рубио, кој синоќа во Париз се сретна со претставници од Европа и од Украина.
- „Ова не е наша војна. Ние не ја почнавме. САД ѝ помагаа на Украина три години и сакаме да заврши, но тоа не е наша војна“, додаде Рубио.
- САД и Украина вчера потпишаа меморандум за соработка со природните богатства, како завршен чекор кон договорот за експлоатација на украинските ретки минерали. Претседателот Трамп изјави дека договорот е речиси готов и ќе биде потпишан до четврток.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.