Заради зголемување на бројот на новозаразени со ковид-19 со стапка од над 1.000 пациенти на ден, почетокот на второто полугодие се одложува за почетокот на следниот месец.
И покрај одложувањето на почетокот за две недели, од Владата тврдат дека учебната година ќе заврши на 10 јуни.
Додека децата се на продолжен распуст надлежни министерства и МРТВ ќе треба „да упатуваат апели за учениците и родителите строго да се придржуваат до мерките за заштита од ковид-19.“
На последното пребројување имаше 16.397 активни случаи со ковид-19.
Фејсбук е преплавен со групи од типот „Барам превоз/нудам превоз“, „Превоз Скопје Битола“ итн...
Двајца другари направиле апликација која може да го реши тој хаос - сите барања и понуди за превоз на едно место! Целосно бесплатно (без никакви трошоци за регистрација и корисници - и за патници и за возачи), без никакви ѕвездички и ситни букви.
Ептен на почеток се па изгледа празно, ама затоа сте вие тука.
Десетици илјади луѓе демонстрираа на централниот плоштад во Загреб поради тоа што владата не почнала со расчистување на повеќе од 30.000 тони отпад кој ја загадува водата и природата во Лика.
Лани на локација близу Госпиќ беа откриени меѓу 34.000 и 37.000 тони отпад – од кој голем дел бил увезен од Италија во 2023 и 2024 година. Владата вети дека ќе ја исчисти локацијата, но еколошките групи тврдат дека е постигнат мал напредок.
Вјекослав Бушиќ од иницијативата „Госпиќ е наш дом“ побара од Владата во рок од 20 дена да претстави сеопфатен план за санација на загадените локации, со јасни и обврзувачки рокови. Организаторите на маршот бараат отстранување на 33.000 тони закопан отпад во рок од три месеци, итна забрана за увоз на отпад во Хрватска и одговорност за пропустите.
„Мора итно да ја утврдиме одговорноста на сите оние што молчеа и не презедоа ништо. Тука не смее да има компромис“, истакна Бушиќ.