- Нејзина особена професионална специјалност беа историјата на стариот век и историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја.
- Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен научник, секогаш на страната на историската вистина. Нејзината кига „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата античките Македонци и прв напишан учебник за студентите на катедрата за Историја.
- Професорката Наде Проева, до последните денови од својот живот беше ангажирана преку свои критички текстови и публикации за праведно решение, за како што велеше – „неправдите што современата политика ги нанесува на Македонија, Македонците и македонскиот национален идентитет“.
- Двајца браќа од Авганистан биле уапсени на аеродром во Хрватска додека се обидувале да се качат на лет за Германија.
- Успеале од Грција во Хрватска да влезат со фалсификувани документи но не и да тргнат за Германија со нив.
- Малолетниот брат користел документ на име „Крал Ладислав“, а неговиот возрасен брат на име „Кнез Трпимир“.
- Ги намагарчиле во Атина.
- Трпимир е во притвор а малолетниот крал Ладислав е сместен во дом за малолетници.
- Израелски воени булдожери откорнаа стотици маслинови дрвја на плантажи на Палестинците на Западен Брег, само една недела пред да почне годишната берба на маслинки.
- „Сите наши маслинки, вклучително и штотуку засадените, се откорнати. И маслините на нашите соседи – сите до една. Нè оставија без ништо“, вели Абд Алфатах Тамими, земјоделец од село близу Рамала.
- Освен традиционален палестински симбол на поврзаност со земјата, маслините се столб на земјоделството на Западниот Брег и Газа. Производството на маслинки и масло учествува со околу 8% од БДП на Палестинските територии и обезбедува повеќе од 60.000 работни места.
- Израелските одбранбени сили вообичаено се повикуваат на потребата од расчистување на теренот од дрвја за да се спречат безбедносни закани или заседи. Според палестинската Комисија за отпор против колонизација,
- Израел издал три воени наредби за отстранување на вегетацијата од речиси 340 дунуми (34 хектари) палестинско земјиште околу Џенин, Кабатија и Беит Рима на окупираниот Западен Брег. Според Комисијата, само во август биле откорнати 21.508 стебла, вклучително и 19.375 маслинови дрвја.
- Слични кампањи беа спроведувани и во регионот Газа. Се проценува дека се откорнати околу 1 милион маслинови дрвја, односно 80% од сите во појасот.