Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

По којзнае кој пат: Македонија е во погрешна временска зона

7 ноември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во нашата држава промена во летно сметање на времето е најблиску што досега сме можеле да стигнеме до малку попристојно сметање на времето, иако и тоа е далеку од соодветното кое треба да е најмалку еден час подоцна.
  • Најлошата возможна комбинација е оваа што ја имаме сега: зимско сметање на времето – во погрешна временска зона.

  • Летното сметање на времето придонесува значително зголемена активност на физичката спремност на населението, а со тоа ја намалува дебелината кај децата, а во значителен степен и кај возрасните.

  • На сите во Македонија ни е повеќе од јасно што значи да се има прерано зајдисонце, што значи секое попладне да се враќаме кон нашиот дом во темнина.

  • Аргументи: Изложеност на витаминот Д во зимскиот период, намалување на уличниот криминал, намалување на сообраќајките, заштеди во енергетика, влијание врз економска активност....

  • Ние како жители на темнината лично сме ги искусиле безгрижните попладневни прошетки во Грција, а некои од нас и неописливите враќања од работа по сончева песочна плажа во Барселона со чевлите во рака. Да се надеваме дека наскоро и ние дома во Македонија ќе имаме можност да пешачиме по снегот дење по работното време, дека ќе можеме да возиме велосипед со нашите најмили попладне....

п.с. Ја промашивме приликата да го уточниме времето, како што рекоа, после „направените анализи“. На секој кој ги знае, јасно му е дека не биле битни никакви анализи. Само си рекле „остај тоа, ќе заебеме нешто“. Јасно дека нешто ќе заебеа. Тие знамиња на странски гости не можат да убодат, не па временска зона.

извор

Кина се позиционира како глобален застапник на слободната трговија

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Говорејќи на самитот на АПЕК, Си Џинпинг повика на поотворена трговија и соработка и го критикува Западот за протекционизам, токму пред американскиот претседател Трамп да пристигне во Шенжен.
  • „Треба активно да градиме партнерства за научни и технолошки иновации, да ја продлабочуваме соработката во дигиталната економија и вештачката интелигенција, како и да ја промовираме зелената транзиција со ниска емисија на јаглерод“, изјави кинескиот лидер.
  • Си додаде дека Кина се стреми да обезбеди „постабилна, попредвидлива и покорисна средина за глобалните претпријатија“ и дека ќе продолжи да го проширува пристапот до своите сектори за производство и услуги.
  • „Почнувајќи со намалување на царините, проширување на пристапот и разгледување на регулативите и стандардите за управување, Кина ќе спроведе длабоки реформи“, рече Си.
  • Пред 25 години Америка ѝ помогна на Кина да се приклучи кон Светската трговска организација, со надеж дека тоа ќе ја промени Кина. Улогите се сменија: Вашингтон ги заострува трговските ограничувања, а Пекинг зборува за отворање.
извор

Вести од 21 век: На УКИМ дојде струја

18 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Струјата повторно е вклучена во четирите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во зградата на Ректоратот, откако е постигнат договор преостанатите неплатени сметки да бидат подмирени.
  • Било договорено УКИМ да ги плати заостанатите сметки најдоцна до петок. Доколку рокот не биде испочитуван, повторно се отвора можноста за исклучување на објектите.
  • Утринава без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот. Причината биле неподмирени обврски кон снабдувачот со електрична енергија, кои, според информациите на „Плусинфо“, достигнале околу половина милион евра.
  • Дополнителен показател за обемот на проблемот се обврските на јавните и државните институции кон ЕСМ, кои, според податоците на компанијата, надминуваат 24 милиони евра.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Медиуми
2

Новиот српски парламент има пратеник со боенка

Балканштина
3

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
4

„Подобрата Србија“ демонстрира простаклук

Балканштина
5

Да му се оди на Васко

Инфо
6

Блесокот на Елмас против Словенија

Фудбал
7

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

8

Како се победува „Безбеден град“

Македонштина
1

Апокалипсата поминала во петокот

Наука
2

Агенција за вработување: Купиле систем од 2,7 милиони евра, не платиле за одржување

3

Зрело е Белгијците да побараат Рамковен

4

Чипсот со вкус на сланина се испречи меѓу Британија и ЕУ

Свет
5

Падна и системот на НСА

6

Иран функционира поефикасно без ајатолах

Свет
7

Уште 17 месеци затвор за Хашим Тачи

8

„Дојче банк“ криела трансакции за Епстин и руски олигарси

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како се победува „Безбеден град“

Медиуми

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Провиденца, Даниел Кајмаковски

Како да се справиш со психопат?

Британско писмо до Америка

Гола битка за рамноправност

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy