- Владата ги укинала ограничувања колку луѓе можат да бидат на иста маса во кафана. Можат колку сакаат.
- Дозволена е и поголема исполнетост на капацитетите на објектот, од 30% на 50%.
- Олабавувањето на мерките важи и за отворените и за затворените делови на локалите.
- Не се знае дали за вториот круг нечиј слоган ќе гласи „Најдоброто за пандемијата“.
- Претставничкиот дом на САД го усвои законот со кој се бара граѓаните да го докажат своето државјанство со пасош или извод од матичната книга на родените за да се регистрираат за гласање. Сегашниот закон бара од гласачите да го потврдат своето државјанство под заклетва.
- Според новиот закон, Американците ќе мора да се легитимираат со документ со фотографија издаден од државата за да гласаат на избори. Во гласовите испратени по пошта ќе треба да приложат копија од личен документ со фото.
- „Тоа е здрав разум. На Американците им е потребна лична карта за да возат, да отворат банкарска сметка, да купат лек за настинка, да побараат владина помош... Зошто гласањето би било поинакво?“, изјави спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон.
- Сепак, законот може да заглави во Сенатот, каде на опозициските демократи им се потребни 41 глас (имаат 47) за да го блокираат со вечно одлагање. Демократите тврдат дека гласањето на лица кои не се државјани веќе е „нелегално и многу ретко“.
- Анкета на центарот Пју во август покажа дека 83% од Американците се за легитимирање на гласачите со лична карта со фотографија. За тоа се определиле и 71% од демократите и 76% од Афроамериканците, за кои либералните активисти тврдат дека ќе бидат погодени од новите правила.
- Организацијата Southern Poverty Law Center проценува дека 21 милион Американци немаат ниту пасош ниту извод од матичната книга на родените.
- Само еден месец по заробувањето на Николас Мадуро од страна на американските специјалци, Венецуела ја испраќа својата прва пратка нафта во Израел после долго време.
- Последен пат Израел доби нафта од Венецуела во средината на 2000 година.
- По заробувањето на Мадуро, Трамп најави дека САД ефикасно ќе ја „управуваат“ државата сè додека не се случи „разумна“ политичка транзиција и изнуди рекетарски договор со Венецуела.
- Многу брзо по десантот на Венецуела, Шеврон, единствената западна компанија на која ѝ е дозволено да вади венецуелска нафта, почна да го прави тоа со рекордно темпо.