- Петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје ќе го истражуваат случајот со трагедијата во дискотеката во Кочани во која од пожар загинаа 51 лице а стотина се повредени и пренесени во болници во Кочани, Штип и Скопје.
- Според првичните сознанија, пожарот го предизвикале оние жижици/прскалки кои се користат за визуелни ефекти (види овде) а кои го запалиле кровниот дел направен од лесно запалив материјал (дрвени греди).
- Има приведени, меѓу нив и сопственикот на дискотеката.
- Повеќе од Тошковски - тука, Таравари- тука, обвинителот Љупчо Коцевски - тука, Мицкоски - тука, Силјановска - тука.
- Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров забрзано го спрема својот 18-годишен син Адам за наследник. Му додели нов медал поради „значаен придонес за обезбедувањето на безбедноста, стабилноста и просперитетот на татковината“.
- Премиер Магомед Даудов на свечената церемонија го нарече Адам „енергичен и ефикасен лидер способен да решава сложени проблеми со принципиелност и лојалност кон каузата.“
- Градите на младиот Кадиров ги красат едно чудо медали, доделени од неговиот татко, но и од Москва, а ја има и титулата „Херој на Чеченската Република“. Во Руската книга на рекорди е запишан како најмлад шеф на регионална безбедносна служба.
- Стариот Кадиров пред една недела итно бил префрлен во болница во Москва поради сериозно влошена здравствена состојба. Локални медиуми тврдат дека лекарите едвај успеале да го реанимираат. По неколку дена тој се појави во јавноста со новогодишна порака до Чеченците.
- Подaтоците од беспилотното летало на украинските вооружени сили, соборено за време на нападот врз руската претседателска резиденција во Новгорог му беа предадени на претставник на Канцеларијата на военото аташе во Амбасадата на САД, соопшти руското Министерство за одбрана.
- Декодирањето на податоците од украинскиот дрон недвосмислено потврдуваат дека целта на нападот бил комплексот згради во кои се наоѓа руската претседателска резиденција, изјави Игор Костјуков, началник на Главната разузнавачка управа на Генералштабот.
- Украина демантира дека имале таква операција а официјален Киев тврди дека Русија го има измислено целото сценарио. Нивните разузнавачи сугерираат дека инцидентот ја подготвува јавноста за претстојна голема вооружена провокација на Русите.