 
 
      
            
	- Администрацијата на Трамп донела одлука за напад врз воени инсталации во Венецуела што ги користи нарко-картелот Солес, за која се тврди дека е управувана од претседателот Николас Мадуро. Акцијата би можела да почне во секој момент, пишува Мајами Хералд, повикувајќи се на информирани извори во Вашингтон. 
- Изолирани се целите и одредено е оружјето – проектили што треба да го уништат раководството на картелот. Се смета дека картелот префрла околу 500 тони кокаин годишно во САД и во Европа. Изворите тврдат дека Мадуро не е директна цел на нападите. „Мадуро наскоро би можел да открие дека не може да избега од земјата дури и да сака. Сега има повеќе од еден генерал кој е подготвен да го фати и предаде“, изјавил изворот.
- Кога во август објави награда од 50 милиони долари за информација што ќе овозможи приведување на Мадуро, американската државна обвинителка Пам Бонди објави дека неговиот Картел де лос Солес е вграден во војската и соработува со бандата Трен де Арагва и мексиканскиот картел Синалоа. Бонди го нарече Мадуро „еден од најголемите трговци со дрога во светот и закана за нашата национална безбедност“.
- Централна улога во акцијата за уништување на картелите ќе има носачот на авиони „Џералд  Форд“ и неговата ударна група од пет борбени бродови со проектили и повеќе од 90 авиони. Пентагон пред една недела ги испрати во карипските води.
- „Нема доволно борбена моќ за инвазија, но има доволно за воздушни или ракетни напади против картелите или режимот на Мадуро“, изјави Марк Ф. Канчијан, пензиониран морнарички полковник и виш советник во Центарот за стратешки и меѓународни студии.
 
    
    
    
            
        
    
               
 
      
            
	- Емануел Макрон е најнепопуларниот француски претседател во изминатите 70 години. Неговите политики ги одобруваат само 11% од Французите, покажува нова анкета на агенцијата Веријан за весникот „Фигаро“. Јавноста имала поголема доверба дури и во Франсоа Оланд.
- Причината за катастрофалниот рејтинг, според аналитичарот Бруно Котре, е хаосот на домашната политичка сцена. Повеќето граѓани за ова го обвинуваат Макрон, кој лани ненадејно реши да го распушти Националното собрание и да закаже нови избори. На меѓународната сцена Макрон е во дебела сенка на американскиот претседател Доналд Трамп. „Макрон може да стане првиот претседател со едноцифрен позитивен рејтинг. Тоа е конечен знак дека е целосно отуѓен од јавноста“, вели Котре.
- Последиците се катастрофални. Повеќе од една година не е усвоен речиси ниту еден закон во Франција. Националниот долг неконтролирано расте и достигна 116 од бруто-домашниот производ. Од лани во ова време се сменија пет премиери, не сметајќи го првото повлекување на Себастиjaн Лекорну, кој повторно доби мандат да состави влада.
- Рејтингот на Лекорну е 26%, за 5% повисок откако во септември кога му беше доверен првиот мандат. Со рејтинг од 45%, најпопуларен политичар денес во Франција сега е Жордан Бардела – новиот лидер на десничарската партија Национален собир. Неговата менторка Марин ле Пен ја задржа популарноста кај 40% од граѓаните, наспроти обвиненијата за корупција и забраната пет години да се кандидира на избори.