- За судијата Африм Фидани дел од членовите на Судскиот совет рекоа дека е анонимен и неистакнат судија, но ја доби поддршката затоа што има конкретен акциски план за подобрување на состојбите во судството, со точно утврдени временски рамки.
- Избран е со 8 гласа „за“ и 5 „против“. Противкандидат му беше доскорешната претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми, која доби само 2 гласа „за“, 11 гласа „против“ и многу критики за својот однос кон Судскиот совет.
- Некои членови не гласале за ниеден или пак гласале против двајцата.
- „Дваесеттите години се само подготовка за она што доаѓа. А кога ќе дојдат триесеттите, ќе биде предоцна. Дека ова се случувало пред сто години може да го толкуваме како чиста досетка или како прецизно адресирано предупредување.
- „Сто години слепило. Времето, политичките околности, односите и процесите, исто како луѓето и нивните реченици, се застрашувачки исти. Сите општи места на нашето секојдневие – пропадната Европа, изолационистичка Америка, мигранти, Евреи, Палестина, Крим, Украина и новата голема Русија, понижената Германија, технолошкиот напредок и пропаднатата работничка класа која ентузијастички го прифаќа фашизмот, воените ветерани и возбудената младина наредени во Фрајкорпс за да ја нападнат „дегенерираната уметност“ – сè е тука, во Вајмарска Германија, во денешна Вајмарска Америка, Вајмарска Европа или во малата, влажна Вајмарска Хрватска“, вели Борис Дежуловиќ во интервју за Лупига.
- Има нова книга, се вика „Кој е тој човек?“.
- „Една третина од оружјето испорачано на Украина од почетокот на војната доаѓа од Бугарија. Ви благодарам за вашата поддршка за одбраната на Украина“, напиша фон дер Лајен на Икс.
- Таа ја посети најголемата државна компанија за производство на оружје во Бугарија во придружба на бугарскиот премиер Росен Жељазков.
- Посетата доаѓа по објавата на германската компанија за производство на оружје „Рајнметал“ дека ќе изгради две нови фабрики во Бугарија и ќе ја прошири фабриката во Сопот.