Вести › Набрзинка
Украина ја прифатила „суштината“ на мировниот план на Трамп
-
По медиумските извештаи дека Украина се согласила со мировниот предлог на САД, украински функционер потврди за Ројтерс дека Киев „ја поддржува суштината на мировниот договор“ постигнат на разговорите меѓу САД и Украина во Женева минатиот викенд.
-
„Украинците се согласија на мировен договор. Остануваат уште неколку ситни детали, но се согласија“, рекол американски функционер.
-
Едно „но“: Зеленски напиша дека „има уште многу работа.“
-
Уште едно, поголемо „но“: Москва порача дека може да го отфрли ревидираниот мировен план на САД за прекин на војната во Украина доколку тој не ги исполни клучните барања на Владимир Путин. Лавров изјави дека „ситуацијата ќе биде сосема поинаква“ доколку новиот предлог се разликува од договорот постигнат од Путин и Доналд Трамп на самитот во Алјаска.
Види:
САД го скратија мировниот план на 19 точки, поприфатливи за Киев
Вучиќ од Русите бара за 50 дена да најдат нов сопственик на НИС
- Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе почека уште 50 дена Русија да најде купувач за Нафтената индустрија на Србија (НИС).
- „Не сакаме да ја национализираме, но ако по 50 дена не се случи продажбата на НИС, немаме избор и ќе мора да ја претставиме нашата администрација и да им ја платиме на нашите руски пријатели највисоката можна цена“, изјави Вучиќ.
- „Сакаме да покажеме колку ни е грижа за пријателството и не воведовме присилна администрација како во Бугарија и Романија. Сакаме да им ги дадеме тие 50 дена, а дури и тогаш нема да извршиме национализирање, ќе им дадеме повеќе пари отколку што побараа од партнерите. И сè ќе платиме веднаш, бидејќи нашите долгорочни односи нема да зависат од ова или она дејство во рамките на НИС“, рече Вучиќ.
-
Рафинеријата за нафта во Панчево, единствената рафинерија во Србија, го запре производството а постројките влегоа во таканаречена топла циркулација. Тоа е термин кога низ системот циркулира иста количина суровини за да се одржи функционалноста на системот.