- Пред точно половина век, одигран е највозбудливиот и најважен шаховски меч кој го памети човечкиот род. Мечот меѓу Борис Спаски и Боби Фишер.
- Не е случајно што овој дуел се одигра во Рејкјавик, главниот град на Исланд, бидејќи тој остров среде Атлантикот, по проекциите на спротивставените страни, советскиот лагер и НАТО пактот, беше како создаден за почеток на третата и веројатно последна светска војна.
- Се создаде впечаток дека наместо Борис и Боби, на шаховската табла седат спротивставени општествени системи, филозофии, морални кодекси, култури, економии, војски... Беше тоа борба на два погледа на светот, а целта беше да се понижи другиот.
- Илон Маск објави дека во 2027 година ќе подари по една од своите акции во SpaceX на секое дете во Америка.
- Според Бирото за попис, во САД има нешто повеќе од 72 милиони лица помлади од 18 години.
- Ако под поимот „дете“ подразбира малолетник, Маск ќе подари околу 10,5 милијарди долари, сметајќи според актуелната цена на акциите на SpaceX од 146 долари.
- Маск лично поседува 6,4 милијарди акции на SpaceX.
- Неговото ветување се надоврзува на иницијативата Trump Accounts, со која администрацијата на Трамп најави дека ќе им отвори инвестициски сметки на сите деца во САД, со почетен влог од 1.000 долари за оние родени помеѓу 2025 и 2028 година.
- А, пред само еден ден во статијата „Маск печали и од сопствената добротворна фондација“ објавивме колку Маск ја презира и ја злоупотребува филантропијата.
- Од први март следната година започнува со работа новиот систем за наплата на патарини на сите автопатишта во Хрватска.
- Во моментов се поставени 120 портали а вкупно ќе ги има 212.
- Секој портал има опрема за автоматско откривање и идентификација на возила, вклучувајќи камери, сензори и комуникациски модули и овозможува наплата на патарина без запирање на возилото, што го зголемува протокот на сообраќај.
- Претходно возилото треба да биде најавено во системот.
- Ние ќе си тераме со куќички насред автопат.