Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

НЕ треба да остане НЕ

4 јули 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).
  • Преговорите се отвораат по министерската конференција и по измената на Уставот, со што е задоволено бугарското барање.
  • Политичкиот состанок е измислен како увертура за Владата на Македонија да може да го прикаже ова како отворање на преговорите.
  • Клучното е дека Владата се фокусираше само на отворањето на преговорите, но не и на нивниот тек и завршување.ж

  • Македонија не обезбедува никакви гаранции за завршувањето на преговорите.

  • Нема никакви гаранции во предложените документи дека нема да има натамошни бугарски условувања.

  • Обидот да се скрие протоколот во Преговарачката рамка е провиден.

  • Историјата станува дел од преговарачката рамка преку внесувањето на упатување на член 12 од Договорот за пријателство и содржината на Протоколот, кој Владата не го објавила.

  • ЕУ „ги зела предвид“ унилатералните декларации за македонскиот јазик. Бугарија со ова суштествено става „резерва“, на која ќе може да се повика во натамошниот тек на преговорите.

  • Во новите документи, како ни во претходните, нема ниеден друг елемент на заштита на македонскиот идентитет.

  • Суштината на бугарските барања е обезбедена преку два влеза и повеќе дополнителни механизми.

  • Преговарачката рамка е слична како кај другите земји? Не е.

  • Ова е предлог на француското претседателство, кој се заснова на наша согласност во преговорите што сме ги воделе во Бугарија, односно на нашите досега направени отстапки кои ќе станат „свршен чин“ за другите држави членки.

  • Последна шанса? ЕУ, во услови на зголемен број кандидати, ставаат акцент на интеграцискиот капацитет на Унијата и не даваат гаранција за пристапување на ниеден од кандидатите.

  • Нема никаква потреба од брзање. Брзањето на Владата е само со цел да оневозможи аргументирана расправа и набрзина да го усвои предлогот, кој ќе има решавачко влијание врз нашата иднина.

    Крајно неодговорно и крајно штетно!

извор

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

15 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
  • Галего, кој пред да влезе  во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
  • „'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
  • Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.
извор

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

14 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Трите најголеми италијански мафијашки групи формирале нов сојуз, кој ја засилил соработката со албанската мафија за трговија со дрога. „Најновите истраги открија стабилни и стратешки односи меѓу организации од Калабрија со Албанците“, изјави Никола Пјаченте, главниот обвинител на Џенова.
  • Сицилијанската Коза ностра, калабриската Ндрангета и неаполската Камора ја препознале штетата од меѓусебните војни и формирале сојуз „Хидра“ за да го зголемат профитот од своите криминални активности, без да ја жртвуваат автономијата.
  • „Јасно е дека исчезнуваат историските разлики меѓу мафијашките организации, дури и во трговијата со дрога“, заклучува во нов извештај националниот обвинител за борба против мафијата, Џовани Мелил.
  • Проширена е и соработката со криминални групи од Кина за меѓународни исплати преку паралелен систем за трансфер на пари познат како „хавала“.
  • Парите од шверц на дрога од Јужна Америка ги перат преку инвестиции во градежништво, фирми за управување со отпад и супермаркети.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

2

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

3

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
4

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина
5

Волк на скромна македонска софра

Разно
6

Не се закачајте со Гоца

Балканштина
7

На некој да не му фали Волво?

Македонштина
8

Договорен историски самит Си-Трамп-Путин во Кина

1

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

2

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

3

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
4

Договорен историски самит Си-Трамп-Путин во Кина

5

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
6

Изборот на единствен лидер е невозможна мисија за Европа

Свет
7

Путин умира, Русија ја напаѓа Естонија, НАТО губи

Свет
8

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

Брисел слушна за Мууукедонија

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Балканштина

Не се закачајте со Гоца

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Премостување на проблемите

Стивен Фрај, цитати

Идиотите секогаш стигнуваат први

Логос, етос и патос: или зошто Тоше мора да биде „ангел“?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy