- Во воздушен напад на НАТО на први мај 2011 година, во кој цел на ликвидација беше легитимниот претседател на Либија, беа убиени неговиот најмлад син и три внучиња.
- Ракетирана била куќата на 29 годишниот син на Гадафи, Саиф ал-Араб, во која разузнавачи дознале дека претстојува Моамер Гадафи и сопругата кои ги преживеаа нападот.
- Тогашниот британскиот премиер Дејвид Камерон изрази сомневање во наводната смрт на еден од синовите на Гадафи и рече дека тоа е непотврден извештај на владата во Триполи што не би го коментирал.
- Tритe убиени внуци биле помлади од 12 години.
- Два силни земјотреси еден по друг утрово ја погодија Венецуела, западно од Каракас. Урнаа многу станбени и јавни згради, висококоатници и куќи во Ла Гваира, Каракас и во други места.
- Првиот земјотрес имал интензитет од 7,2 Рихтери, а 39 секунди подоцна удрил уште посилен, од 7,5 степени.
- Поради степенот на разурнување нема информации за бројот на жртви.
- Врз основа на интензитетот на потресите и близината на населбите до епицентарот, Американската сеизмолошка служба проценува дека може да има помеѓу 1.000 и 10.000 загинати.
- Претседателката Делси Родригез објави вонредна состојба во целата земја и побара меѓународна помош.
- Министерството за внатрешни работи ги повика луѓето да ги напуштат домовите, бидејќи серијата земјотреси не стивнала и може да ги урне веќе оштетените објекти.
- Израелските одбранбени сили нема да се повлечат од окупираните територии во јужен Либан и Сирија, дури и ако тоа го побараат САД, изјави министерот за одбрана Израел Кац.
- „Израелските сили мора да бидат на непријателската страна од границата. Додека Хезболах не биде разоружан, ние нема да ја напуштиме безбедносната зона“, изјави Кац.
- Во окупираните зони нема да биде дозволено враќање ни на либанските цивили кои немаат никакви врски со Хезболах. Многумина и немаат каде да се вратат, бидејќи израелските сили им ги уништиле куќите и имотите.
- „200.000 жители нема да се вратат. Ако нема цивили, нема ни терористи. Во минатото, кога имаше цивилно присуство во безбедносните зони, имаше експлозиви и напади врз војници. Затоа не го дозволуваме тоа. Војниците внатре, цивилите надвор“, изјави Кац.