Американскиот претседател ставил вето на израелскиот план за убиство на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Камнеи, рекле за Ројтерс двајца американски функционери.
„Имаат ли Иранците убиено некој Американец? Не. Додека не направат такво нешто, не можеме да дозволиме напад на политичкото водство“, рекол еден од нив.
Иран сериозно го ракетираше Израел, овие маваа и по центарот на Техеран.
Од почетокот на нападот на Израел, досега се убиени и 14 нуклеарни научници. Меѓу другото, во нивните ликвидации се користеле и автомобили - бомби.
„Ја продолживме заштитата на милиони бегалци од Украина за уште една година,“ изјави полскиот министер Томаш Семонјак.
Привремениот специјален статус на украинските бегалци (околу 4 милиони) кој ги ослободува од бирократски процедури и им дава право на образование, здравствена и заштита и работа ќе важи до 4 март 2027 година.
Некои земји како Полска даваат недвосмислена поддршка за овие луѓе додека други, како Германија, размислуваат да ги ограничат бенефициите.
Европската комисија порача дека ќе работи на „излезна стратегија“ за да потсети дека привремениот статус сепак е привремен.