Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Маск ќе прави нова партија ако пројде „мегабуџетот“ на Трамп

1 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Илон Маск им се закани на републиканските сенатори дека ќе ги изгубат своите места на следните избори ако го поддржат „Големиот убав закон“ на претседателот Доналд Трамп за зголемување на долгот и кратења на трошоците.
  • „Сите што гласаат за најголемото зголемување на долгот во историјата треба да се срамат. Тие ќе изгубат на следните избори в година, па дури и ако тоа биде последното што ќе го направам на Земјата“, порача Маск.
  • Тој додаде дека веднаш ќе формира Американска партија, ако биде усвоен „неразумниот“ закон што ќе го зголеми дефицитот на САД за 3.300 милијарди долари во следната деценија.

Is it time to create a new political party in America that actually represents the 80% in the middle?

— Elon Musk (@elonmusk) June 5, 2025
  • „Време е за нова политичка партија, која навистина ќе се грижи за луѓето... На нашата земја ѝ е потребна алтернатива на демократите и републиканците, кои се всушност една партија“, порача најбогатиот човек на светот, кој до пред еден месец имаше висока функција во Белата куќа како шеф за кратење бирократија и непотребни трошоци.
  • Иако републиканците имаат мнозинство во Сенатот, не е извесно дали законот ќе биде усвоен. Двајца републикански сенатори отворено се спротивставија, со што мнозинството е стеснето на 51-49. Ако се гласа 50-50, решавачки глас ќе има потпретседателот Џеј Ди Венс.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
5

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
6

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
1

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

АНБ со мирис на УДБА

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
7

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

8

Во името на светиот Клод, ентер

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Мајсторе, задња

После се фатија за рака и заминаа кон хоризонтот

Барок во Лисиче

Какво интервју со Квинси Џонс!!!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy