Кога на обвинителна клупа за пожарот во модуларната болница во Тетово во која на 8 септември 2021 година живи изгореа 14 луѓе ќе се најдат само двајца директори и еден лекар, пресудите не се за чудење.
Двајцата поранашени директори (Флорин Бесими и Артан Етеми) се осудени на условни казни а лекарот Бобан Вучевски е ослободен од обвинувањата.
Жителите на Харгиеса, главниот град на Сомалиленд, масовно излегоа на улиците, вееја американски знамиња и извикуваа „Да живее Америка!“, прославувајќи ја изјавата на Доналд Трамп дека нивната самопрогласена држава е „сосема различна земја од Сомалија“. Изјавата, сепак, не значи дека САД го признаваат регионот за независна држава.
„Изјавата на Доналд Трамп го означува почетокот на американското признавање на Сомалиленд“, изјави Али Хаши од Харгиеса.
Отцепениот регион, кој е на стратешка геополитичка локација во Аденскиот Залив, досега е признаен само од Израел. Поседува сопствена валута, пасоши и војска и важи за постабилен и подемократски од Сомалија.
Сомалиленд стекна независност од Британија во 1960 година, само пет дена пред Сомалија да се ослободи од италијанските колонизатори. Двата региона се споија во Република Сомалија, но во 1980-тите почнаа граѓанска војна. Сомалиленд повторно прогласи независност во 1991 година.
Патем, Трамп забележа дека не му се допаѓа името Сомалиленд. Му било позгодно да биде „Сомалија Ленд“.