- Парламентот на Латвија ја одобри забраната на латиничните верзии на буквите В и З, сметајќи ги за симболи со кои се глорифицира руската агресија на Украина.
- Казните се од 350 евра за поединци и 2.900 евра за фирми кои ќе бидат виновни според законот за прохибиција на овие букви.
- Само пред две недели, во Рига без проблем дефилираа фановите на латвискиот батаљон, дел од СС дивизиите од Втората светска војна.
- Вработените во шведската влада од вчера не смеат да ги користат моделите ChatGPT на OpenAI и Claude на Anthropic преку прелистувачи на своите службени компјутери, откако се појавиле безбедносни грижи поврзани со обработката на чувствителни податоци во администрацијата за транспорт.
- Само ограничен број вработени ќе смеат да продолжат да користат ChatGPT и Claude, но исклучиво преку посебна платформа развиена специјално за шведските власти.
- На другите службеници како алтернатива им е понуден Copilot на Microsoft, кој поминал низ безбедносна проверка и неговото користење е регулирано со договор со американската компанија.
- На списокот забранети алатки со ВИ во Шведска од почетокот на годинава е и кинескиот DeepSeek.
- Микрософт им понуди на околу 60.000 вработени со полно работно време доброволно да заминат од компанијата, за да ја избегнат чистката која веројатно ќе следува по неколку месеци.
- Понудата се однесува за канцелариите во САД, Канада, Индија и Британија. Софтверскиот гигант на крајот од јуни имаше приближно 223.000 вработени со полно работно време.
- Во мај годинава Микрософт им понуди отпремнини на околу 8.750 вработени, а во јули укина 4.800 работни места, односно околу 2,1% од својата вкупна работна сила на глобално ниво, вклучително и голем број вработени во секторот за видеоигри.
- По трансформацијата кон вештачка интелигенција акциите на Микрософт овој месец достигнаа историски највисоко ниво. Инвестициите на компанијата во центри за податоци се очекува годинава да надминат 700 милијарди долари.