- Гледањето и слушањето птици го подобрува менталното здравје кај 91% од луѓето.
- Заклучокот е изведен од 700 илјади луѓе, од кои било побарано еден час да бројат птици во локалниот парк и после да кажат виделе ли фајде.
- На девет од десет им било подобро.
- Тој еден што е намќор, живо нè занима.
- Новоформираната православна заедница „Света Хилда“ во Халифакс, Англија, ја прослави својата прва литургија, означувајќи ја транзицијата на конгрегацијата од евангелизам кон православие.
- На службата, одржана во католичката црква „Свети Малахиј“ за време на Успението на Пресвета Богородица, присуствувале 61 учесник, дел од нив примиле света причест, објави Антиохиската православна христијанска архиепископија на Британските острови и Ирска.
- Транзицијата започнала порано оваа година кога евангелистичката конгрегација колективно одлучила да се преобрати во православно христијанство а на 6 септември ќе има голема церемонија кога со крштевање или миропомазание ќе се примат 30-тина верници.
- Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет го разреши шефот на Агенцијата за воено разузнавање (ДИА) Џефри Крузе.
- Хегсет не ја објасни одлуката, но смената на генералот се поврзува со извештајот на ДИА за штетата од ракетниот напад врз воените капацитети на Иран во мај.
- До медиумите тогаш протече доверливиот заклучок на ДИА дека нападите ја вратиле иранската програма назад „само неколку месеци“. Белата куќа ја отфрли таа проценка како погрешна и инсистираше дека целите биле „комплетно уништени“.
- На самитот на НАТО Хегсет изјави дека извештајот на ДИА за Иран бил изработен врз основа на „слаби“ разузнавачки извори и кажа дека ФБИ спроведува истрага како документот протекол до јавноста.