Крвав напад во училиште во Грац
10 јуни 2025
- Поранешен ученик отворил оган врз десетици ученици и наставници во средното училиште БОРГ во Грац. Убил најмалку осум ученици и едно возрасно лице. Некои жртви биле застрелани во главата.
- Во болници се префрлени 28 ранети лица. Три се во екстремно критична состојба.
- Кога интервенирале, специјалците го пронашле напаѓачот мртов во тоалет. Неофицијално се самоубил. Според информации од локални медиуми, претходно се жалел дека соученици го малтретирале.
- Ова е најкрваво масовно пукање во историјата на Австрија. Пред точно десет години во Грац маж со автомобил намерно удирал луѓе, а потоа со нож нападнал минувачи. Убил тројца и ранил уште 43.