- Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро бил спроведен во федерален затвор поради стравувања дека планира да побегне од домашен притвор.
- Симпатизери на Болсонаро оваа вечер организирале ноќно бдеење пред неговиот дом во Бразилија, за кое не добиле дозвола од властите.
- Судијата Александре де Мораеш изјави дека е откриено нарушување на дигиталната алка, која Болсонаро мора да ја носи додека е во домашен притвор. Тоа е протолкувано како сигнал дека планира да избега.
- Болсонаро во септември беше прогласен за виновен за планирање државен удар, откако ги изгуби претседателските избори во 2022 година. Му беше изречена казна од 27 години затвор, но беше дозволено да остане во домашен притвор додека не го исцрпи правото на жалби.
- Српскиот турбо-фолкер Аца Лукас синоќа бил уапсен во Кавадарци по настап со кој биле прекршени многу закони и прописи.
- Лукас настапувал во локалот „Рома“, кој бил регистриран како кафетерија и немал дозвола за ваков вид настапи. Максималниот капацитет бил 200 гости, а таму имало близу 500.
- Инспекторите на УЈП, ДПИ , Инспекторатот за работа на странци и МВР утврдиле дека се продавале ваучери за 18.000 денари без фискални сметки и незаконски се продавале влезници од по 1.000 денари.
- Аца Лукас имал нерегистриран престој во Македонија и непријавен краткотраен работен ангажман. Тој во Кавадарци ја промовирал својата криптовалута „лукаскоин“.
- Полицијата соопшти дека Лукас бил спроведен по кратка постапка во Основниот суд Кавадарци, каде што му била изречена парична казна.