- Конклавата - тајниот процес во Ватикан за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква, ќе почне на 7 мај, откако ќе заврши деветдневната жалост за покојниот папа Франциско.
- Новиот папа ќе биде избран со двотретинско мнозинство гласови од 135 кардинали на возраст под 80 години од целиот свет.
- Под заклетва на апсолутна тајност, тие ќе бидат изолирани под строг клуч во Домот на Света Марта - без телефони, интернет, телевизија, писма, пораки и каков било контакт со надворешниот свет.
- Ќе гласаат по неколку пати на ден во Систинската капела се додека некој кандидат не добие две третини од гласовите. По секое седмо гласање е дозволена пауза за молитва.
- Процесот вообичаено трае со денови. Франциско и неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти беа избрани по два дена. Најдолгата конклава траела пет дена во 1922 година. Знак дека конклавата завршила и дека е избран нов папа е бел чад од оџакот на Капелата.
- За папа може да биде избран секој маж крстен како католик. Вообичаено тоа е некој од активните кардинали.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.