- Меѓу јуни и септември минатата година имало 142 шумски пожари кои зафаќаат површина од 11.420 хектари шума.
- Се проценува дека во овие пожари изгореле 482.106 кубика дрвја, што во пари изнесува 2.318.091.000,00 денари или 37,64 милиони евра.
- Македонија поседува три „Ер трактори“ набавени за гасење пожари. Ниту едно од трите летала повеќе од две години не мрдна од хангар затоа што не беше сервисирано. Сервисот на трите авиони чини околу 400.000 евра.

- Талибанските власти дале нова директива жените во Авганистан да не бидат ословувани по име, туку по прекари.
- Здравствените работници во провинцијата Балх добиле насоки да ги запишуваат жените како „биби“ (баба) кога им издаваат рецепти за лекови.
- Лала Османи, авганистанска активистка која живее во Германија, изјави за „Ел Паис“ дека Талибанците ги ословуваат жените како „кози“ и „крави“. Во официјалните документи често пати се регистрираат според имињата на нивните мажи или татковци.
- Во многу делови на Авганистан, јавното спомнување на име на жена се смета за навреда за честа на нејзиниот сопруг или семејството, поради што имињата не се врежуваат ни во надгробните споменици.
- Ова се надоврзува на новиот кривичниот законик со кој на мажите им се дозволува да ги тепаат своите жени и се озаконуваат браковите со деца.
- Лидерот на австриската десничарска опозиција ги повика ЕУ и Австрија да ги депортираат сите нелегални мигранти во Украина кога ќе заврши војната со Русија.
- Би ги испратиле и Сиријците и Авганистанците, не само украинските бегалци кои беа згрижени низ Европа.
- Херберт Кикл истакнува дека на овој начин Киев би им се оддолжил на европските земји за обемната финансиска поддршка што ја добиваа од нив.
- „ЕУ и Австрија вложија стотици милијарди во Украина. Ако оружјето таму стивне, крајно време е да се бара нешто за возврат“, изјави лидерот на Партијата на слободата.
- Тој тврди дека Киев би имал полза од оваа шема, бидејќи Украина е соочена со демографска криза, а мигрантите би можеле да помогнат во повоената обнова на земјата.