- Економската моќ на американската сојузна држава Калифорнија веќе ја надмина Јапонија, покажуваат нови податоци од Меѓународниот монетарен фонд.
- Калифорнија во 2024 година имала БДП од 4.100 милијарди долари, а бруто-домашниот производ на Јапонија бил 4.010 милијарди долари.
- Кога би била посебна држава, Калифорнија би била четвртата најголема економска сила во светот, зад САД (29.180 милијарди), Кина (18.740 милијарди) и Германија (4,65 милијарди долари). Тексас би бил на седмото место, меѓу Франција и Италија.
- Според проценките на ММФ, до крајот на оваа година Индија ќе се изедначи со Јапонија според БДП.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.