- Аналитичари од ЦИА оцениле дека тактиката на претседателот Трамп да ги засили бомбардирањата врз Иран нема да го скрши отпорот на раководството во Техеран и нема да го принуди да ги повлече своите цврсти позиции на евентуалните преговори.
- „Иранската влада има еден главен приоритет, а тоа е сопствениот опстанок, и докажа дека е подготвена да прифати огромна казна за да се заштити. Овој режим е изграден за да издржи воен притисок, кој би скршил власт во секоја нормална држава“, се предупредува во разузнавачки извештај што протече до јавноста преку Вашингтон пост.
- Аналитичарите заклучиле дека САД и Иран засега се заглавени во бескраен циклус помеѓу напади и примирја. Бомбардирањето не води до политичка предност. Понатамошна ескалација, како копнена инвазија, е опција која е длабоко непопуларна за Американците затоа што ризикува многу повеќе американски жртви, а нема гаранции дека би била успешна.
- Новиот разузнавачки извештај е изготвен главно од офицери на ЦИА. Проценките не се конкретни предвидувања за иднината, туку пресек на тековните и веројатните идни трендови, врз основа на сите достапни разузнавачки податоци и материјали.
- Заклучокот од претходната проценка во мај беше дека Иран може да издржи поморска блокада од САД најмалку три до четири месеци пред да се соочи со посериозни економски тешкотии.
- Ветерот од вчерашното невреме во Македонија го надминал нивото на оркан, дефинирано како ветер чија брзина надминува 118 километри на час.
- Најсилниот удар, со максимална брзина од 134 км/ч, бил измерен во 17.00 часот во метеоролошката станица во Штип. Во Скопје во 16.10 часот и во струмичко Ново Село во 17.50 брзината достигнала 130 км/ч, според податоците на УХМР.
- На мерната станица Амзабегово е регистрирана „орканска олуја“ – ветер од 113 км/ч, а во Кочани, Радовиш, Тетово, Кратово, Виница и Црешево имало „силна олуја“, со брзина на ветер до 100 км/ч.