Француската левичарска коалиција Нов народен фронт освои најмногу места во вториот круг од парламентарните избори.
Левата коалиција на Жан Лук Меленшон освои меѓу 180 и 215 места во парламентот, на второ место е коалицијата околу Макрон со 150 и 180 пратенички места, додека третото го зазеде десничарскиот Национален собир на Марин Ле Пен со само меѓу 120 и 150 пратенички места иако по првиот круг имаше најдобри изгледи за победа.
Ова се предвремени избори кои ги распиша претседстелот Емануел Макрон по катастрофалните избори на неговата опција на изборите за Европскиот парламент.