Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Јужна Кореја прогласи вонредна состојба

3 декември 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претседателот Јоон Сук Јеол прогласи вонредна состојба во земјата објаснувајќи дека мерката е нужна за „земјата да се заштити од комунистичките сили“.

  • Во обраќање до нацијата во живо, претседателот на Јужна Кореја ја обвини опозицијата за симпатизирање на севернокорејскиот режим и за парализирање на владата со антидржавни активности.
  • Воената состојба ѝ овозможува на војската да преземе контрола над цивилните власти заради одржување на редот и безбедноста. Тоа може да вклучуваа ограничување на граѓанските права како што е слободата за движење и собирање, како и цензура на медиумите. За одбрана на „либерална Јужна Кореја“, како што ја нарекува нејзиниот претседател.

 

извор

Д-р Даниловски: Хантавирусот е новата суровина за глобалната индустрија на страв

10 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото.
  • Речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“... Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус.
  • Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв.
  • Истовремено, постојат реални причини за внимателност. Скопје и други средини се соочуваа со сериозни проблеми со отпадот. Контејнери преполни со денови. Купишта смет покрај улици. Расфрлан органски отпад. Диви депонии. Таквите услови неизбежно создаваат средина погодна за експанзија на популацијата на стаорци и глувци, потенцијален резервоар за повеќе инфективни заболувања, вклучително и хантавирусните инфекции.

  • Прагот на летото е момент кога институциите треба сериозно да пристапат кон дератизација, дезинфекција, санитарен надзор, урбана хигиена, контрола на дивите депонии, предупредува доктор Драган Даниловски.

извор

Хегсет ја исправа неправдата за војниците што одбиле ковид-вакцина

9 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Министерот за одбрана Пит Хегсет најави дека ќе им бидат вратени сите привилегии на припадниците на оружените сили на САД кои биле принудени да ја напуштат службата затоа што одбиле да се вакцинираат против ковид.
  • Поранешната администрација на Џо Бајден во 2021 година нареди задолжително вакцинирање на сите припадници на воените сили. Во текот на 500 дена, до 2023 година, биле отпуштени или поттикнати да дадат отказ повеќе од 8.000 лица кои одбиле да се вакцинираат.
  • Една недела откако го почна вториот мандат, Доналд Трамп со извршна наредба ги поништи отпуштањата и ги покани вработените да се вратат на служба. До април се вратиле 170, а уште 800 изразиле намера да се вратат.
  • Нова работна група ќе ја разгледува секоја штета што Пентагон им ја предизвикал на вработените. Ќе се испитува случај по случај дали одбивањето на вакцинација на кој било начин им наштетило на кариерите. Дури и ако немаат намера да се вратат на служба, Пентагон ќе им обезбеди начин да ги обесштети поради скратените бонуси или заслужените бенефиции.
  • „Се заколнавте дека ќе го штитите Уставот и ќе ѝ служите на нашата нација. Бевте малтретирани од Пентагон во времето на Бајден и ние ја поправаме таа неправда“, изјави Хегсет.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

ЕУ ќе изгуби 370 милијарди евра ако се откаже од кинеска техника

Свет
2

120 години немаа ни еден трофеј, сега во 1 година на прагот од 3 пехари

3

Во живо: Скромна воена парада во Москва на Денот на победата

4

Сомнителни зделки со нафта од 2,6 милијарди долари поврзани со Иран

Бизнис
5

Новите коли во ЕУ ќе мора да го следат погледот на возачите

Занимливости
6

Обикновен расизъм

Балканштина
7

Сите жени на претседателот

Забава
8

Шпанија ја доби битката со Германија за екстра место во ЛШ

Фудбал
1

ЕУ ќе изгуби 370 милијарди евра ако се откаже од кинеска техника

Свет
2

Во живо: Скромна воена парада во Москва на Денот на победата

3

Сомнителни зделки со нафта од 2,6 милијарди долари поврзани со Иран

Бизнис
4

Новите коли во ЕУ ќе мора да го следат погледот на возачите

Занимливости
5

Инстаграм ја исклучи заштитата на приватност на пораките

6

Хегсет ја исправа неправдата за војниците што одбиле ковид-вакцина

7

Шведска ќе им става алки на деца за да ги извлече од криминал

Свет
8

Нема „мали зелени“ во првите објавени документи за НЛО

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Свет цел разбере да

Разно

Колкава е Партизанска?

Балканштина

Така ќе биде уште долго време

Балканштина

Дедо и неговата внука

Разно

Некогаш стварно зборуваме со ист јазик

Разно

Кадровските критериуми на Јосип Броз Тито

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Горди што не се феминистки

За сите насекирани за Навални, еден збор - Асанж

Бананата

Министер, амбасадор, планктон

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy