- Џорџа Мелони најверојатно ќе стане првата жена премиер на Италија, која ќе ја предводи најдесничарската влада од Втората светска војна, откако нејзината конзервативна коалиција триумфираше на парламентарните избори.
- Потпретседателската на европскиот парламент, Катарина Барли рекла дека победата на десничарска алијанса и премерка чии политички модели се Трамп и Орбан се загрижувачки.
- Прашање е колку 45 годишната Мелони и новите италијански власти ќе имаат маневарски простор за сериозни промени со оглед на тоа што Италија има долг од 150% од висината на БДП и зависи од 200 милијарди евра кои ЕУ ѝ ги има ветено како помош за клекнатата економија.
- Пред изборите, Урсула фон дер Лејен зашеќерено им се закани на италијанските гласачи дека можат демократски да гласаат за кого сакаат, но дека ако работите не одат добро, ЕУ има алатки, како во случаите на Полска и Унгарија.
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.