- Судскиот совет го разреши Беџети од Апелациониот суд Скопје за недолично однесување, односно за нарушување на јавниот ред и мир, откако претходно не беше разрешен што 9 месеци чуваше во фиока да застари предметот за масовното незаконско прислушување „Тврдина-Таргет“ каде обвинет беше Сашо Мијалков.
- За оваа злоупотреба на судиската функција, Беџети едвај беше казнет на 6 месеци помала плата.
- Членовите кои незаконски го штитеа Беџети, и за да го спасат од разрешување извршија пуч и ја избркаа Дамева од претседателското место, никогаш не понесоа одговорност за тоа.
- Единствено реагираше Стејт департментот кој го стави Енвер Беџети на црната листа на САД. На 9 декември 2024, Беџети беше означен за вклученост во значителна корупција, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби.
- Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
- Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
- Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
- СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
- Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
- Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
- Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.