- Техеран побарал од бунтовничките хути во Јемен да бидат спремни да го блокираат протекот Баб-ел-Мандеб, ако САД ги интензивираат нападите врз Иран со бомбардирање енергетски централи и мостови.
- Проиранските бунтовници веќе распоредиле ракети и дронови на висорамнините кон протокот што ги поврзува Црвено Море и Аденскиот Залив. Воспоставиле контакти со милитантната група Ал Шабаб во Сомалија за да ги контролираат двата брега.
- На најтесното место, Баб-ел-Мандет е широк 26 километри. За споредба, Ормускиот проток е широк 39 километри. Двете тесни грла никогаш не биле блокирани во исто време. При таква состојба се прекинува скратениот морскиот пат од Азија до Медитеранот преку Суецкиот канал. Бродовите мора да пловат околу Африка, што го продолжува транспортот за две недели.
- Целосно би бил отсечен транспортот на саудиска нафта за пазарите во Азија. Низ Баб-ел-Мандеб поминува 10% до 12% од глобалната трговија со бродови, не само на нафтата.
- Саудиска Арабија во понеделникот веќе отвори нов фронт во Јемен – ја ракетираше пистата на аеродромот во главниот град Сана, за да спречи слетување на ирански авион. Хутите возвратија со ракети кон Саудиска Арабија. Двете земји водеа десетгодишна војна, во која загинаа 377.000 луѓе, но главно го почитуваат примирјето склучено во март 2022 година.
- Феранцуските истражни органи цели шест часа го испрашувале основачот на платформата Телеграм во последниот, четврти по ред пат.
- Неговиот правен тим потсетува дека случајот трае цели две години и сè уште не произвел некој доказ со кој би се поткрепиле обвиненијата.
- Франција не го гони Дуров за нешто што напишал или објавил туку за соучество во дела што други луѓе ги сториле на Телеграм. Тоест што биле објавени на таа платформа.
- Обвиненијата се поврзуваат со слаба модерација и неподготвеност да се предадат кориснички податоци, нешто заради кое тој и ја напушти својата матична земја, Русија.
- Главно живее во Дубаи, освен кога ќе го извикаат да се јави на информативен разговор во Франција.