- Русија би се согласила со западните безбедносни гаранции за Украина само ако Кремљ добие право да ги блокира со вето, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
- „Секој обид да се засили безбедноста на Украина во кој не е вклучена Москва не води никаде и нема да функционира“, изјави Лавров.
- Како прифатлив пример тој го посочи Рамковниот договор од Истанбул во 2022 година. Во нацрт-документот беше наведено дека Украина ќе добие гаранции од група земји, вклучувајќи ги и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија, Кина, Британија и Франција. Киев го отфрли документот поради „правото на вето на Русија за националната безбедност на Украина“.
- За да прифати мир со Русија, западните сојузници ѝ понудија безбедносни гаранции на Украина. САД најавија воздушна поддршка, а десет европски земји изразија спремност да испратат трупи што ќе го гарантираат мирот.
- Кремљ категорично отфрла какво било присуство на трупи од членки на НАТО на територијата на Украина, веднаш до границите на Русија.
- Белата куќа настојува да преземе 10% од акциите на технолошкиот гигант Интел како накнада за тоа што го поддржуваат со субвенции, согласно Законот за чипови усвоен во 2022 година од администрацијата на Џо Бајден. Веднаш по оваа вест акциите на Интел скокнаа за 7,5% на њујоршката берза.
- „Зошто да ѝ даваме субвенции на компанија од 100 милијарди долари? Што значи тоа за Американците што плаќаат данок? Одговорот на Доналд Трамп е дека треба да добиеме учество за нашите пари. Ќе ги испорачаме парите што ги вети администрацијата на Џо Бајден, но за нив ќе добиеме акции“, објасни министерот за трговија Хауард Лутник.
- Министерот за финансии Скот Бесент најави дека евентуалното преземање акции нема да ги обврзе владините агенции да купуваат чипови од Интел.
- Невообичаената мерка е обид да му се помогне на производителот на чипови да се врати на доминантната позиција, откако почна да ја губи трката од Нвидија, корејската Самсунг и тајванската ТСМЦ, особено на пазарот на напредни чипови за ВИ.
- САД издејствуваа и дил со Нвидија и АМД, кои се согласија да платат специјален данок од 15% од својот приход во Кина за да добијат лиценца за извоз на напредни чипови во Кина.