- Илон Маск има намера да го сруши партискиот дуопол на демократите и републиканците поради што официјално влегува во политичката арена основајќи сопствена политичка опција - Американска партија.
- „Денот на независноста е вистински момент да се запрашате, сакате ли независност од двопартискиот, некои би рекле, еднопартискиот систем,“ порача Маск на Икс.
- Маск проценува дека со оглед на секогаш тенкото мнозинство кое го имаат едните или другите, ќе бидат доволни две-три места во Сенатот или победа во осум до десет окрузи за Претставничкиот дом, за да се осигура пресуден глас при донесување контроверзни закони.
- Домашен притвор му е одреден на возачот што со мотоцикл го усмрти скопјанецот Југослав Николовски кај Паркот на Франкофонијата на скопскиот кеј и побегна без да му укаже помош.
- Судијата не го уважи предлогот на обвинителството, кое бараше ефективен притвор за возачот, кој веќе беше во бегство. Обвинителството вложи жалба.
- Николовски беше прегазен на 1 јули на пешачка патека пред својот дом, кога излегол да фрли ѓубре.
- Обвинителството тврди дека 25-годишниот возач на мотоциклот немал дозвола, како малолетник бил осуден за насилство и за прекршување на здравствените прописи за време на пандемијата.