- Заради можноста Русија кога било да прекине испорака на гас, овој енергенс предизвикува најголеми главоболки во ЕУ.
- Моменталната пополнетост на залихите во ЕУ е 77%. Шведска е на 90%, Полска на дури 99%, Франција и Германија исто така се солидни, но Австрија е на само 63% пополнетост на залихите.
- Хрватска е слаба со 70% но имаат ЛНГ терминал на Крк па не зависат од рускиот гас.
- Новиот европски систем за влез и излез (EES – Entry/Exit System) во земјите од Шенгенската зона создаде километарски колони на границите на Хрватска со Србија и Босна и Херцеговина.
- ЕЕС почна да се применува од ноќеска на полноќ. За државјаните од земјите од Шенгенската зона нема никакви промени, но од оние од третите земји на границата задолжително се земаат биометриски податоци и дигитално се внесуваат во база на податоци, наместо да се удираат печати во пасошите.
- Колоните за влез во Хрватска биле дополнително зголемени поради продолжениот викенд и велигденските празници во Србија.
- На граничниот премин Бајаково биле формирани пет километарски колони од возила, во кои патниците за влез во Хрватска чекале по два часа.
- На граничните премини кон Босна и Херцеговина се чекало по најмалку еден час.
- Речиси две третини од Израелците (63%) се незадоволни од исходот на војната против Иран, покажуваат резултати од нова анкета за весникот Маарив.
- Задоволство од исходот – кревкиот прекин на огнот од две недели - изразиле 32% од испитаниците.
- 46% се изјасниле дека Израел и САД биле поразени во војната со Иран, а само 22% веруваат дека победиле.
- Постапките на премиерот Бенјамин Нетанјаху како позитивни ги оценуваат 47% од испитаниците. Рејтингот меѓу симпатизерите на владината коалиција му е 92%, а кај опозиционерите само 24%.
- Во анкетата бил вклучен и американскиот претседател Доналд Трамп, чии постапки за време на војната против Иран како „позитивни“ ги оцениле 52% од Израелците.